Достапни линкови

Обама - Со пацифичка слободна трговска зона до поголем економски раст


Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама.

Американскиот претседател Барак Обама изложи план за формирање пацифичка слободна трговска зона, како начин за справување со слабиот економски раст во светот. На вчерашниот Азиско-пацифички самит за економска соработка што се одржа на Хаваите, Обама ги претстави рамките на големиот договор за слободна трговија наречен „Транс-пацифичко партнерство“ што ќе го зголеми американското лидерство во регионот. Тој исто така и се закани на Кина со казнени мерки ако не почне „да игра по правилата“ кога се работи за трговијата и за валутниот курс. Сепак, кинескиот претседател Ху Џинтао претстави конкурентска трговска агенда што почива на постоечките трговски договори.
XS
SM
MD
LG