Достапни линкови

Претседателски избори во Јужна Осетија


Предизборен митинг на Анатоли Бибилов во главниот град на Јужна Осетија Цхинвали на 7 ноември 2011 година.

Предизборен митинг на Анатоли Бибилов во главниот град на Јужна Осетија Цхинвали на 7 ноември 2011 година.

Граѓаните на отцепениот грузиски регион Јужна Осетија гласаат на претседателски избори. Ова се први претседателски избори по краткотрајната војна меѓу Русија и Грузија во 2008, што се водеше тукму за Јужна Осетија, по што Русија го призна овој отцепен грузиски регион како независна држава.

Во трка за претседателската функција се 11 кандидати. На актуелниот претседател Едуард Кокоити, кој е поранешен шампион во борење, му е забрането да се кандидира за трет мандат.

Москва го подржува фаворитот на изборите, министерот за вонредни состојби Анатоли Бибилов. Тој вети дека ќе спречи проневера на руските фондови за обнова на земјата по војната со Грузија и е поддржувач на соединување на Јужна Осетоја со Русија.

Главниот опозициски кандидат, поранешната министерка за образование Ала Џиоева, пак, го поддржува зачувувањето на квази-независноста на земјата.

Грузија ги смета изборите за нелегитимни и ја обвини Русија дека окупира грузиска територија со што го крши примирјето што беше постигнато со посредство на ЕУ.

Кој и да победи ќе наследи длабоко вкоренети проблеми, меѓу кои и непризнавањето на земјата. Освен Русија, Јужна Осетија ја признаваат само уште Никарагва, Венецуела, Науру и Тувалу.
XS
SM
MD
LG