Достапни линкови

Мит Ромни - фаворит за претседателски кандидат од републиканците

Републиканските кандидати за номинација за претседател, Мит Ромни и Рик Пери, се поздравуваат на крајот на една од дебатите во Библиотеката на Реган во Долината Сими во Калифорнија на 7 септември 2011 година.

Поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни е фаворит во трката за номинација за кандидат за претседател на САД од Републиканската партија. Според анкетата на новинската агенција Ројтерс, Ромни има предност од 8 проценти пред неговиот најсериозен противкандидат, гувернерот од Тексас Рик Пери. Речиси половина од анкетираните републиканци одговориле дека очекуваат поранешниот гувернер на Масачусец да му се спротивстави на актуелниот претседател Барак Обама на изборите во 2012 година.
Во најновата вчерашна дебата, Ромни рече дека ќе го спречи Иран да развие нуклеарно оружје, ако треба и со воен напад.
XS
SM
MD
LG