Достапни линкови

logo-print

Мјанмар ослободува политички затвореници


Амнестија на затвореници во Јангун на 17 мај 2011 година.

Амнестија на затвореници во Јангун на 17 мај 2011 година.

Мјанмар соопшти дека се подготвува повторно да ослободи затвореници, втор пат овој месец. Висок функционер информира дека меѓу амнестираните ќе има и политички затвореници и оти одлуката ќе биде донесена „многу скоро“.

Новата цивилна влада на Мјанмар ослободи 230 политички затвореници откако ја презеде должноста во март годинава. Западните земји го поздравија овој чекор на кој гледаат како на знак дека можеби попушта строгата контрола во земјата по пет децении воена власт.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во петокот изјави дека се чини оти Мјанмар прави „вистински промени“. Таа рече дека, ако бидат ослободени сите политички затвореници и ако се спроведат реформи, САД се подготвени да станат „партнери“ со Мјанмар.
XS
SM
MD
LG