Достапни линкови

Берлускони поднесе оставка


Италијанскиот премиер во заминување, Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер во заминување, Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони поднесе оставка. Кризата во евро-зоната го предизвика крајот на неговата речиси дведецениска доминација на италијанската политичка сцена. Повелекувањето на Берлускони беше обзнането од кабинетот на претседателот Џорџо Наполитано, кој ја прифатил оставката.

Италијанските пратеници, претходно, го прифатија планот на економси мерки од владата на Берлускони, што беше услов тој да поднесе оставка.

Се очекува, Наполитано да му го даде мандатот да состави нова влада на поранешниот еврокомесар Марио Монти, кој ќе треба да се справи со огромниот италијански долг.
XS
SM
MD
LG