Достапни линкови

Претседателски избори во Јужна Осетија


Плакати од кандидатката за претседател Ала Џиојева.

Плакати од кандидатката за претседател Ала Џиојева.

Во Јужна Осетија, отцепениот регион од Грузија, утре се одржуваат претседателски избори. Според Уставот актуелниот претседател Едуард Кокојти нема право на трет мандат.
Шефот на Централната изборна комисија на Јужна Осетија денеска соопшти дека во трката за претседател ќе учествуваат 11 кандидати.
Актуелниот претседател и неговиот тим ја подржуваат кандидатурата на Алан Котајев, заменик на градоначалникот на главниот град на Републиката. Опозицијата ја подржува поранешната министерка за образование Ала Џиојева.
Москва, пак, го подржува министерот за вонредни ситуации Анатолиј Бибилов.
XS
SM
MD
LG