Достапни линкови

Бројката на загинати при експлозија во Иран се искачи на 27


I

I

Бројката на загинати при денешната експлозија на една воена база во Иран се искачи на 27 лица, според информациите на иранската национална телевизија, која го цитираше потпаролот на иранската револуционерна гарда, командантот Рамезан Шариф.
Експлозијата се случила во складовите за муниција на базата, која се наоѓа во близина на градот Малард на 20 километри одалеченост од центарот на Техереан. Сите жртви се членови на гардата, а има и околу 20 повредени.
XS
SM
MD
LG