Достапни линкови

logo-print

Грабнувачот на турскиот ферибот на себе имал 450 грама експлозив


Турскиот министер за внатрешни работи Идрис Наим Шахин изјави дека курдскиот бунтовник, кој изутрината беше убиен во вчера грабнатиот патнички ферибот е идентификуван како Менсур Гузел. Тој на своето тело имал 450 грама пластични експлозиви
12-часовната заложничка драма заврши со упадот на турските сили за безбедност кои го убија киднаперот на Фериботот „Картепе“ кој беше грабнат вчера, откако отпловил од северозападното пристаниште Измит.
Првично беше соопштено дека на фериботот има петмина грабнувачи и дека имаат оружје и експлозиви.

Фериботот беше следен од патролни чамци и хеликоптери, а запре кај градот Силиври, во близина на Истанбул, наводно заради недостиг од гориво.

XS
SM
MD
LG