Достапни линкови

Над 30 загинати од земјотресот во источна Турција


Turkey -- Rescuers carry a survivor from a collapsed building after an earthquake in Van, 09Nov2011

Turkey -- Rescuers carry a survivor from a collapsed building after an earthquake in Van, 09Nov2011

Во земјотресот што неделава повторно го погоди источниот дел на Турција, според најновите информации, загинаа 32 лица, соопштија турските власти.
По овој последен од серијата земјотреси, со јачина од 5,6 степени според Рихтер, што Турција ја погоди во средата, спасени биле 30 лица. Земјотресот најсилно го погодил градот Едремит, на околу 15 километри од Ван.
Граѓаните на Ван во четвртокот протестираа и ги обвинија властите дека по првиот разурнувачки земјотрес од 23 октомври, во кој загинаа најмалку 600 лица, не го забрани користењето на оштетените хотели во кои неделава паднаа нови жртви.
Премиерот Реџеп Таип Ердоган се очекува денеска да го посети настраданиот регион.
XS
SM
MD
LG