Достапни линкови

logo-print

Глобален пораст на акциите за 2 насто


Водечките берзи во САД, Велика Британија, Францијаи Германија реагираа на позитивни знаци од Грција и Италија со растеж на акциите. Развојот на настаните во Рим и Атина доведе до пораст на акциите во Њујорк, каде што на Дау Џонс се нивелираа едно неделните загуби. На глобален план акциите порасна за 2 насто, а еврото се опорави во однос на доларот.
Имено, италијанскиот Сенат го одобри пакетот економски мерки чија цел е спречување на банкрот на третата економска сила во Европската Унија
Во меѓувреме како на позитивна вест за Еврозоната се гледа и изборот на новиот грчки премиер Лукас Пападемос кој дојде на чело на новата влада на национално единство со задача да ги истурка тешките реформи како услов за клучната финансиска помош од Европската Унија.
XS
SM
MD
LG