Достапни линкови

Новата грчка влада положи заклетва


Лукас Пападимос

Лукас Пападимос

Новата грчка влада предводена од поранешниот потпретседател на Европската централна банка Лукас Пападимос положи заклетва. Новата влада вклучува министри од двете главни партии: ПАСОК и Нова демократија, како и од малата крајнодесничарска ЛАОС. На местото министер за финансии останува Евангелос Венизелос, а шеф на дипломатијата е поранешниот еврокомесар за животна средина, 70 годишниот Ставрос Димас, кој е потпретседател на Нова демократија. Станува збор за преодна влада на национално единство која има за цел да ги спроведе реформите потребни за добивање на европскиот спасувачки пакет од 130 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG