Достапни линкови

На северот на Косово нема да се спроведува договорот со Приштина


Одборниците од четири општини на северот на Косово денеска соопштија дека договорите постигнати во дијалогот меѓу Белград и Приштина биле против интересите на српскиот народ и оти нема да дозволат нивна примена во своите општини. На седницата одржана во Митровица учествуваа претседателите на општините Косовска Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Исто така се наведува дека е неприфатливо присуството на каква било царина и погранична единица на премините Брњак и Јариње.
XS
SM
MD
LG