Достапни линкови

СДСМ- Владата, за 3 години, се задолжи за милијарда евра


Предлог законот за задолжување на Република Македонија кај Сити Банк и Дојче банк во износ од 130 милиони евра денеска го разгледа собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески информира дека станува збор за заем кој е со исклучително поволни услови со рок на отплата од пет години, еднократно по истекот на петта година по повлекување на средства и фиксна каматна стапка која во денешни услови изнесува 4,2 проценти. Гаранција за заемот е обезбедена од Светска банка.

Тој информира дека средствата ќе бидат потрошени за сите буџетски потреби и за тековни расходи и за капитални инвестиции и оти тие се и поддршка на економијата.

Опозицијата не даде поддршка на предложеното законско решение.
Марјанчо Николов потенцира дека СДСМ нема да го поддржи предложеното задолжување, кое според него е непродуктивно.
- Поддржавме задолжување за изградба на патишта, железнички пруги, хидроцентрали, но не може да поддржиме вакво задолжување, истакна Николов.
Тој со критика кон економската политика на Владата, која како што вели не може да егзистира без кредити и оти ја задолжила државата за една милијарда евра во последните три години.
XS
SM
MD
LG