Достапни линкови

ХРВ: во Сирија извршени злосторства против човештвото


Меѓународната организација за човекови права Хјуман Рајтс Воч ги обвини сиријските власти за злосторства против човештвото. Во извештајот објавен денеска се прецизира дека безбедносните сили од средината на април до крајот на август годинава убиле 587 цивили во Хомс, трет по големина град во Сирија кој е еден од главните центри на антивладините протести што избувнаа пред осум месеци. Во извештајот се повикуваат Арaпската лига и Обединетите нации да воведат ембарго за оружје и санкции против членови на режимот на претседателот Башар Ал Асад, како и да ја обвинат Сирија пред Меѓународниот кривичен суд.
XS
SM
MD
LG