Достапни линкови

САД- нападот врз Иран може да има сериозни последици


Американскиот секратар за одбрана Леон Панета

Американскиот секратар за одбрана Леон Панета

Американскиот секратар за одбрана Леон Панета предупреди на ризиците од каков било воен напад врз Иран, велејќи дека тоа може да предизвика сериозни последици во регионот без да ја стопира нуклеарната програма на Техеран.
Панета ова го изјави на прес-конференција во Вашингтон, откако во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија беше наведено дека има индиции оти Иран врши тестирања битни за изработка на атомска бомба.
Иран тврди дека нуклеарната програма е за мирољубиви цели.
Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Камнеи вчера рече дека каква било воена акција од Иран и САД врз иранските нуклеарни капацитети ќе биде пречекана со железни тупаници.
Претходно, израелскиот претседател Шимон Перез изјави дека воена акција за уништување на иранските нуклеарки е се поизвесна.
XS
SM
MD
LG