Достапни линкови

Стандард и пурс направиле грешка за рејтингот на Франција


Агенцијата за кредитен рејтинг Стандард и пурс соопшти дека случајно на некои од своите претплатници им пренеле порака со укажување дека го намалиле кредитнито рејтинг на Франција. Сега од Агенцијата велат дека кредитниот рејтинг на Франција останува ААА, што е највисок рејтинг.
На Стандард и пурс им требало повеќе од час и половина да ја признаат грешката.
Францускиот министер за финансии побарал од регулаторите на пазарот да ја испитаат грешката. Истрага ќе спродедат и од Агенцијата.
XS
SM
MD
LG