Достапни линкови

САД ги поздрави чекорите на Русија за членство во СТО


Американскиот претседател Барак Обама го поздрави договорот за конечните услови кои ќе и овозможат на Русија да се приклучи кон светската трговска организација. Обама рече дека тоа преставува значаен ден за односите меѓу САД и Русија.

Во соопштението, Обама вели дека членството на Русија во Светската
Трговска организација, ќе ги зголеми можностите за нови работни места и ќе и помогне на Москва да биде орговорна во однос на правилата за трговија.
Москва формално треба да стане членка на СТО на Самитот во Женева кој ќе се одржи од 15 до 17 декември.
Русија се обидува да се приклучи на СТО уште од 1993 година, но преговорите дополнитлено се одложија откако Грузија го блокираше членството на Русија,по кратката војна во 2008-та, меѓу двете земји околу отцепениот регион Јужна Осетија.
Минатата недела, двете страни се согласија на предлогот што ќе им овозможи меѓународен мониторинг на трговијата меѓу Грузија и отцепените региони од Јужна Осетија и Абхазија.
XS
SM
MD
LG