Достапни линкови

УНЕСКО ги замрзна трошењата до крајот на годината


Директорката на УНЕСКО, Ирина Георгиева Бокова

Директорката на УНЕСКО, Ирина Георгиева Бокова

УНЕСКО нема да троши до крајот на годината. Директорката на Агенцијата Ирина Георгиева Бокова рече дека се соочуваат со недостаток на 65 милиони долари, откако САД се откажаа од финансирање на УНЕСКО. Од Агенцијата велат дека намалувањето на финансиите најмногу ќе се одрази на намалување на тековните трошоци како патувања на персоналот, публикации, комуникации.
САД и Израел минатиот месец се откажаа од финансирање на Агенцијата на ОН ,откако УНЕСКО реши ја ја признае Палестина како полноправен член.
XS
SM
MD
LG