Достапни линкови

logo-print

Косор: Хрватска ќе потпише договор за членство во ЕУ на 9 декември


Хрватската премиерка Јадранка Косор.

Хрватската премиерка Јадранка Косор.

Хрватска ќе потпише договор за членство во ЕУ на церемонија во Брисел на 9 декември. Со тоа ќе биде отворен патот за членство во Унијата во 2013 година, изјави хрватската премиерка Јадранка Косор.

„ Тоа е извонредно за Хрватска, за Владата и за мене како премиер“, изјави Косор.
Потписи на договорот ќе стават таа и претседателот Иво Јосиповиќ.

Церемонијата во Брисел ќе се одржи пет дена по изборите во Хрватска.
Државата во јуни ги заврши преговорите за членство и треба да стане 28-от член на Унијата на 1 јули 2013 година.
Пред тоа треба да биде организиран референдум за членство, а договорот потоа да биде ратификуван од парламентите на сегашните членки на ЕУ и на Хрватска.
XS
SM
MD
LG