Достапни линкови

Басеску - Не се смејте, се уште сакаме во евро-зоната


Романскиот претседател Трајан Басеску.

Романскиот претседател Трајан Басеску.

Романскиот претседател Трајан Басеску денеска повтори дека целта на Букурешт е да влезе во еврозоната во 2015 година.
На прес-конференција по разговорот со германскaтa канцеларка Ангела Меркел во Берлин, Басеску на шега додаде „ве молиме немојте да се смеете“, бидејќи државите членки на еврозоната се борат против се поголемата должничка криза која се заканува да се прошири на сите земји.

Државата која настојува да влезе во еврозоната, каде моментално има 17 членки, мора да исполни неколку услови, вклучувајќи буџетски дефицит помал од три отсто и ниска стапка на инфлација.
XS
SM
MD
LG