Достапни линкови

logo-print

Казахтански пратеници бараат предвремени избори


Казахстанскиот парламент.

Казахстанскиот парламент.

Членови на долниот дом на казахстанскиот парламент, побараа од претседателот Нурсултан Назарбаев да го распушти собранието.
Вако потег ќе доведе до предвремени избори, на кои и некоја друга партија ќе влезе во Парламетнот во кој сите пратеници се од владејачката партија Нур Отан. Со промените во изборниот законик, второпласираната партија има загарантирани места во Парламентот, дури и ако освои помалку од прагот од 7 отсто од гласовите. Петицијата до претседателот ја потпишале 53 од 107 пратеници. Тие бараат да се одржат избори, пред „новиот бран“ од светската економска криза да ја погоди замјата. Наредните избори се предвидени за август 2012 година. Според меѓународните набљудувачи, во Казахстан досега не се одржани фер и демократски избори.
XS
SM
MD
LG