Достапни линкови

ЕБОР даде пари за хидроцентралата Бошков Мост


Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Министерот за финансии Зоран Ставрески.

Европската банка за обнова и развој и одобри на Македонија кредит од 65 милиони евра за изградба на хидроцентралата Бошков Мост во близина на Дебар. Министерот за финансии Зоран Ставрески информира дека градежните работи треба да започнат за околу половина година. Дотогаш треба да завршат постапките за избор на изведувач и за доставувач на опремата. Покрај овој заем, во изградба на хирдоцентралата, ЕЛЕМ ќе вложи и 42 милиони евра сопствени пари. Хидроелектраната „Бошков мост“ треба да профункционира во 2016 година. Нејзината инсталираната моќност ќе изнесува 68,2 мегавати со просечно годишно производство од 117,54 гигават часови.
XS
SM
MD
LG