Достапни линкови

logo-print

Младиќ е премногу болен за да присуствува на судење


Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ пред Хашкиот трибунал.

Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ пред Хашкиот трибунал.

Поранешниот воен лидер на босанските Срби Ратко Младиќ објави дека е премногу болен и нема да присуствува на закажаното за денеска судско рочиште од процесот против него пред Меѓународниот трибунал во Хаг. Тој се откажа од правото да се јави пред судот и даде согласност процедурата да продолжи во негово отсуство, но во присуство на неговиот адвокат.
Портпаролката на Трибуналот Нерма Јелачиќ изјави дека судскиот процес ќе се одржи во отсуство на Младиќ. Ратко Младиќ е суден пред Меѓународниот трибунал по обвиненија за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, извршени за време на војната во Босна од 1992 до 1995.
XS
SM
MD
LG