Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ во војна со Стевчо Јакимовски


ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе тужба против градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски за корупција и неодговорно работење, информира денеска партискиот портпарол Александар Бичиклиски. Тој обвини дека Јакимовски предложил, а мнозинството на СДСМ во Советот на општина Карпош одобрило да им се префрлат пари „на две непознати невладини организации“, без јавен повик и на нетранспарентен начин.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека двата проекти се напишани на неколку страници со по неколку реда.

Општина Карпош, пак, реагира дека градоначалникот Стевчо Јакимовски и општината Карпош не го злоупотребуваат невладиниот сектор, напротив секогаш го сметале како партнер за развој и унапредување на Карпош. Во писмената реакција е наведено дека општина Карпош веќе поднела тужба против Бичиклиски. Тие наведуваат дека владејачката партија го злоупотребува невладиниот сектор за, како што се вели во соопштението, дневно политички поени и за лично богатење.
XS
SM
MD
LG