Достапни линкови

Лукас Пападемос - нов грчки премиер


Новиот грчки премиер Лукас Пападемос.

Новиот грчки премиер Лукас Пападемос.

Поранешниот потпретседател на Европската централна банка Лукас Пападемос е официјално предложен за нов грчки премиер, по заминувањето на Јоргос Папандреу. До ваква одлука доаѓа по четридневните преговори меѓу лидерите на најголемите грчки политички партии со посредство на претседателот на државата Каролос Папуљас. Привремената влада предводена од 64-годишниот поранешен банкар ќе има задача да ја обезбеди помошта од 130 милијарди евра од европскиот план за спас и да не дозволи банкрот на земјата. Без овие пари Грција може да остане со празна каса за неколку недели и и се заканува излегување од евро-зоната. Сепак, за да ги добие овие 130 милијарди евра, Грција ќе мора да воведе строги мерки за штедење.
XS
SM
MD
LG