Достапни линкови

За владата розово, за граѓаните сиво


Не техолошки вишок, туку технолошки отпад! Вака еден скопјанец ја објаснува не само неговата стварност која многу се разликува од онаа што го претставува владата и некои странски рејтинг агенции. На граѓаните, како што велат социолозите, не им се многу важни добрите рејтинзи за економската ситуација, ако во земјата се соочуваат со безработица, со ниски плати и со големи трошоци.

Успешната приказна која владата ја сервира за Македонија на економски план за граѓаните е сосема поинаква. Премиерот Никола Груевски по изминатите 100 дена влада се пофали дека најдобра потврда за нивната економска политика и нивната реализација е признанието од Светска банка, која Македонија ја прогласи за трет најдобар реформатор во светот 2011/2012 година. Не го изостави и извештајот на агенцијата „Фич“ за кредитниот рејтинг на земјава.
Голема сиромаштија, невработеност, многу тежок живот. За некои е добро, но за 80% е многу тешко.
Анкетиран граѓанин.

Сепак, реалноста покажува дека се уште секој трет Македонец е сиромашен. На граѓаните не им е важен фактот што во статистиката на меѓународните организации и во очите на владата економијата напредува. Тие велат дека тешко се живее се ниски плати и големи трошоци и сметки.

„Голема сиромаштија, невработеност, многу тежок живот. За некои е добро, но за 80% е многу тешко, настрадавме токму оние што работевме по фабриките, останавме сираци.“
На граѓаните не им е битно што според статистиката на меѓународните организации и во очите на владата економијата напредува, според нив - тешко се живее
На граѓаните не им е битно што според статистиката на меѓународните организации и во очите на владата економијата напредува, според нив - тешко се живее

„Еве јас сум моментално така да кажам ’технолошки отпад‘, малку струја плаќам и толку, друго ништо.“

„Нема подобрување, еве ние од пет члена во семејството, само мажот ми работи.“

Економистите велат дека никаков извештај за високо рангирање на Македонија не може да ја замени стварноста.
Еве јас сум моментално така да кажам ’технолошки отпад‘, малку струја плаќам и толку, друго ништо.
Анкетиран граѓанин.

Високиот степен на невработеност, ниските стапки на раст, проблемите со финансирање на земјата и задолженоста ја прават сликата за економијата далеку од розова. Социологот Илија Ацевски вели дека има една категорија на граѓани која е на работ на егзистенција и државата мора да преземе нешто.

„Тоа се оние граѓани, семејства кои не можат да ги подмират елементарните потреби и тука говориме за еден праг на една апсолутна сиромаштија, мора државата да ја повлече таа линија и на секој што е под таа линија да му овозможи, да му помогне да ја преброди таа ситуација на еден полесен начин, Тоа е елементарната „азбука“ на една социјална политика.“

Груевски најави дека во наредниот период владата ќе продолжи со реализација на мерките од програмата со цел да се унапредат состојбите и да се подобри економијата и животниот стандард. Слоганот и пораката е „без зборови, дела“. Наспроти граѓаните кои го тврдат спротивното.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG