Достапни линкови

logo-print

Опозицијата со критики за Буџетот


За опозициските партии, предложениот Буџет е преобемен, а проекциите на Владата се нереални со оглед на очекуваната економска криза. Албанските партии, пак, бараат пропорционална распределба на буџетот.

Пореален Буџет кој нема да се полни преку оптоварување на граѓаните со давачки и казни, како и еднаква распределба на народните пари за сите жители во земјава. Ова се накратко дел од забелешките на опозициските партии за предлог буџетот за 2012 година.
Тешко остварлив затоа што има се посериозни најави дека ќе се случува за жал уште една криза во еврозоната пред се, а можеби и пошироко, проекциите на владата за растот на БДП се нереални.

Маријанчо Николов од опозицискиот СДСМ вели дека предложениот буџет за догодина е преобемен и преголем:

„Тешко остварлив затоа што има се посериозни најави дека ќе се случува за жал уште една криза во еврозоната пред се, а можеби и пошироко, проекциите на владата за растот на БДП се нереални и мислам дека владата и оваа година ќе има проблем со полнење на буџетот и ќе мора уште повеќе да се задолжува и да ја оптеретува иднината на земјата и јавниот долг.“
Буџетот за 2012 година денеска се најде пред членовите на комисиите во Собранието

Буџетот за 2012 година денеска се најде пред членовите на комисиите во Собранието


Николов предлага создавање на буџет кој би бил порационален и кој би се темелел на пореални претпоставки:

„И на тој начин да имаме буџет којшто во иднина нема да ја тера владата да зема дополнителни кредити или преку разни други мерки да ги влече парите од стопанството и граѓаните како што е преку казни, инспекции итн. Така што генерално мислам дека овој буџет не соодветствува на најавите за тоа каква економска година не очекува во 2012.“
Буџетот не спаѓа во тие закони кои треба да се носат со двојно мнозинство, значи без да се регулираат овие две клучни прашања во буџетот мислам дека никогаш нема да имаме фер, развоен и добар буџет за граѓаните на Македонија.

Од НСДП за утре ги најавија нивните амандмани за предлог буџетот. ДПА, пак, бара пропорционална распределба на Буџетот. Тоа според пратеникот Зијадин Села е првото клучно прашање.

„Како второ, буџетот не спаѓа во тие закони кои треба да се носат со двојно мнозинство, значи без да се регулираат овие две клучни прашања во буџетот мислам дека никогаш нема да имаме фер, развоен и добар буџет за граѓаните на Македонија.“

Економистите претходно реагираа дека очекуваниот раст за догодина е нереален, посебно имајќи ги предвид кризата во соседството и еврозоната. Инаку, предлог – буџетот за 2012 година денеска се најде пред членовите на комисиите во македонското Собрание.
XS
SM
MD
LG