Достапни линкови

Генерал Борнеман - до кога ке трае ваквата ситуација со името?


Македонскиот придонес во ангажманот на НАТО во Авганистан е од исклучителна помош, се вреднува и од сите е поздравен, изјави генерал-полковник Јирген Борнеман, генерален директор на Меѓународниот воен штаб на НАТО во Брисел, кој учествуваше на Берлинската конференција за европската безбедност и одбрана.
Toj во разговор за Дојче Веле, не сакаше да шпекулира дали спорот со името со Грција ке се надмине до наредниот самит на НАТО во Чикаго во април 2012 година што за Македонија ќе значи и членство во Алијансата.
Со оглед на тоа што Македонија и покрај учеството во мировните мисии се уште не е полноправна членка на Алијансата, генерал-полковник Борнеман на прашањето до кога ќе трае ваквата ситуација и може ли да се случи земјата да остане „бела“ дамка во регионот, одговари дека не верува.
XS
SM
MD
LG