Достапни линкови

Додик и Човиќ уверени дека БиХ наскоро ќе добие нова власт


Милорад Додик

Милорад Додик

Претседателот на Сојузот на независните социјалдемократи Милорад Додик и претседателот на Хрватската демократска заедница - Босна и Херцеговина (ХДЗ - БиХ), Драган Човиќ најавија дека наскоро би можел да биде формиран Советот на министрите на БиХ, а според нив најдоцна тоа би се случило до крајот на годината.
Човиќ и Додик ненајавено се состанаа синоќа во Александровац, кај Бања Лука, а по разговорите зад затворени врати изјавија дека главна тема била можноста за конечен договор за воспоставување на нова власт на државно ниво.
Тие истакнаа дека очекуваат оти во следните денови ќе биде закажан состанок на лидерите на шестте најголеми парлементарни партии во БиХ. Додик потврди дека Република Српска и натаму бара четири министерски места, вклучувајќи ја и функцијата шеф на дипломатијата.
Човиќ изјави дека и натаму очекува дека ХДЗ ќе го именува новиот претседавач на Советот на министрите.
XS
SM
MD
LG