Достапни линкови

Во земјотрес во Турција најмалку пет лица загинаа, десетици се затрупани


Во земјотрес со сила од 5,6 степени според Рихтеровата скала кој синоќа го погоди источниот дел на Турција загинаа најмалку пет лица а десетици се затрупани.Турските медиуми јавија дека се урнати неколку згради.Спасувачките тимови извлекле 20 преживеани лица од под урнатините.Земјотресот бил 16 километри источно од провинцијата Ван. Пред две недели во провинцијата Ван во земјотрес загинаа повеќе од 600 луѓе.
XS
SM
MD
LG