Достапни линкови

Постигнат договор за нова влада во Грција, Папандреу заминува


Грчкиот премиер во заминување Јоргос Папандреу седи во кафуле во близина на парламентот во Атина на 8 ноември 2011 година.

Грчкиот премиер во заминување Јоргос Папандреу седи во кафуле во близина на парламентот во Атина на 8 ноември 2011 година.

Грчкиот премиер во заминување Јоргос Папандреу соопшти дека е постигнат договор со опозицијата за формирање привремена влада на национално единство што треба да обезбеди Грција да ја добие помошта од 130 милијарди евра од европскиот план за спас и да спречи банкрот на земјата. Се очекува, Папандреу денеска да му го врати мандатот за формирање влада на претседателот Каролос Папуљас.
Во телевизиското обраќање пред средбата со претседателот, Папандреу му посака успех на новиот премиер, но не кажа кој ќе биде тој.
XS
SM
MD
LG