Достапни линкови

Повеќе од три илјади принудни бракови годишно во Германија


Муслиманки во Германија.

Муслиманки во Германија.

Повеќе од три илјади жени и девојки се соочуваат со принуда за склучување брак годишно во Германија, покажа една студија нарачана од владата. Најчесто тоа биле жени и деца од доселенички семејства од земји како Турција, Србија, Косово, Црна Гора, Ирак и Авганистан. Најголемиот дел од жртвите биле меѓу 18 и 21 година, но една третина од нив биле помлади од 17 години. Студијата покажува дека повеќе од половина од овие жени и девојки биле тепани или физички малтретирани за да го прифатат договорениот брак. Истражувањето го спроведе германска организација за заштита на женските права. Германија лани донесе закон со кој се забрануваат принудните бракови.
XS
SM
MD
LG