Достапни линкови

(Не)Функционалност на новите охридски јавни претпријатија?


Охрид

Охрид

Некои од новите јавни претпријатија во Охрид формирани од општинскиот Совет профункционираа, но дел се соочуваат со проблеми.

„Нискоградба“, „Градски пазар“,„Гробишта“ и „Погребални услуги“ се новите охридски јавни претпријатија формирани со одлука на општинскиот совет или со законска обврска, кои на локално ниво требаше да донесат поквалитетни услуги за граѓаните, поефикасна работа и помалку финансиски проблеми. Што покажува практиката?
Според претседателот на советот Душко Јаковчески, некои од новите општински претпријатија се успешна приказна, некои уште имаат проблеми со регистрацијата и лиценцата за обавување дејност, а најпроблематично е „Нискоградба“, кое се уште боледува од „породилните“ маки, каде имаше и протести на вработените.
Тука проблемот е што тоа јавно претпријатие ја дели судбината со „Проаква“, бидејќи околу 70 отсто на „Нискоградба“ ги обавува за „Проаква“ и нему му ги фактурира.

„Тука проблемот е што тоа јавно претпријатие ја дели судбината со „Проаква“, бидејќи околу 70 отсто на „Нискоградба“ ги обавува за „Проаква“ и нему му ги фактурира. За да се среди „Проаква“ што е познато во каква состојба е, а со тоа и многу полесно да функционира и „Нискоградба“. Сметам дека државата треба да преземе соодветни мерки, затоа што Охридското Езеро и плажите на крајбрежјето, се богатство и сопственост на Македонија, а заштитата на езерото е чиста обврска на градовите Охрид и Струга. Ние ги имаме само обврските, а придобивките ги има државата. Треба на една вага да се стави колку што се има права, толку да се има обврски, но во овој случај не е така. За прашањето дали е оправдано формирањето на новото претрпијатие „Нискоградба“, сметам дека е оправдано од причини што квалитетот на услугите е подобар и сигурно ќе се подобри, затоа што друго е да се менаџира со помал тим на луѓе, а друго со едно гломазно претпријатие како што беше „Проаква“ со посебни делови колектор, канализација, водовод, струшки, охридски и така натаму“, вели Јаковчески од СДСМ.
Совет на општина Охрид.

Совет на општина Охрид.


Според него, полесно справување со проблемите на претпријатијата се очекува кога Охрид ќе влезе во втората фаза на децентрализацијата, што се уште се одолговлекува.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше против формирањето на новите јавни претпријатија, поради недомаќинското трошење на финансиските средства, слабата организација во работата и потребата од нивна пазарна ориентација.

Имаме пораст на загубите од лани за 300 отсто, а формирањето на новото претпријатие „Нискоградба“ имаше за цел токму да ги растерети загубите на „Проаква“, што не се случи.
„Јавното претпријатие „Проаква“, поточно работната единица „Водовод Охрид“, се соочува со огромни финансиски загуби. Имаме пораст на загубите од лани за 300 отсто, а формирањето на новото претпријатие „Нискоградба“ имаше за цел токму да ги растерети загубите на „Проаква“, што не се случи. Кај голем дел од претпријата голем дел од вработените по два три месеци немаат земено плата. Некои од новите јавни претпријатија за тековни инвестиции зе задолжуваат, земаат кредити. Можам да заклучам, дека финансиски претпријатијата се неодржливи, така што нивното формирање е направено ад хок, односно без да се извршат некои конкретни студии, коишто би ја потврдиле потребата и можноста за нивна самостојност и опстојување“, вели Јованка Дамоска, советник на ВМРО-ДПМНЕ во градскиот совет.

Таа забележува дека немало иницијативи и проекти за развој на јавните претпријатија, за што изостанува и користење на средствата од меѓународните фондови. Дамоска вели нејзината партија е против зголемување на цените на услугите на јавните претпријатија на локално ниво, а претседателот на Советот Јаковчески, иако е непопуларна мерка, дека ќе мора во иднина да порасне цената на некои услуги како водата, каде во тек е меѓународен тендер за земање под концесија на „Проаква“ односно „Охридскиот водовод“, за што имало интерес и од странци.
XS
SM
MD
LG