Достапни линкови

Дорис Пак - Србија ќе стане кандидат за ЕУ во декември


Германската евро-пратеничка Дорис Пак.

Германската евро-пратеничка Дорис Пак.

Србија во декември најверојатно ќе добие статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, но притоа официјален Белград ќе мора да се спротивстави на хаосот кој го воспоставија криминални и други радикални групи во северниот дел на Косово, изјави евро-пратеничката, Дорис Пак во интервју за Радио Слободна Европа. Таа смета дека ЕУ не поставува максималистички барања туку сака да и помогне на Србија на тешкиот пат и во врска со внатрешните проблеми.

„Белград не може немо да набљудува, туку мора да се спротивстави на хаосот кој го воспоставија криминални и други радикални групи на северот на Косово, бидејќи тие само и нанесуваат штета на Србија“, рече Пак.

Таа додава дека раководството во Белград треба го разбере тоа и да ја промени политиката кон случувањата во северниот дел на Косово.
XS
SM
MD
LG