Достапни линкови

Инвеститори заглавени во администрација


Германската компанија „Кронберг и Шуберт“ која инвестира во индустриската зона Жабени никако да почне да гради поради сложените административни постапки.

Во индустриската зона Жабени инвеститори дојдоа, купија парцели, но никако да ги удрат темелите од фабриките заради сложените административни постапки. Германската компанија за производство на автомобилски кабли „Кронберг и Шуберт“ уште пред два месеца добија дозвола за градба, а сега ќе треба да ја менуваат заради промена на планот во зоната. Имено, Жабени мора да располага со пристапен пат зашто не е дозволено индустриска зона да излегува на транзитна сообраќајница. Со тоа се помести дел од инфраструктурата, па сега германската компанија за да ги спои купените парцели треба да докупи дел од местото кое некогаш било предвидено за пат.
Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат.

„Тие купија десет парцели кои беа поделени со пат кој минуваше помеѓу нив. Меѓутоа тие бараа целина за сите парцели. За да се ​направи тоа, дел од ингеренциите беа во општините, дел во Владата и Министерствата. Тој пат кој беше меѓу парцелите сега не постои и треба да го докупат делот кој беше пат порано, а немаа можност да го докупат зашто не се продаваше“, вели битолскиот градоначалник Владимир Талески.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески.


По ова германските инвеститори ќе треба да добијат нова довола за градба за сите десет парцели. Воедно, процедурата се издолжува и со комплетирањето на документацијата.
Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици.

„Идните неколку седмици треба да се дозавршат технички работи кои се однесуваат на релација Влада-„Кронберг и Шуберт“. Се работи за договор кој треба да се преведе со стручен јазик од македонски на германски. Таквото усогласување брзо ќе се заврши. Тоа потоа ќе треба да се завери, постапка која ќе бара најмногу две до три седмици“, додава Талески.

Според него, сето ова нема да доведе до одложување на градбата на фабриката која во иднина треба да вработи 2000 битолчани. Тој вели дека компанијата нема да ги загуби поволностите што ги дава општината за бесплатни комуналии зашто го исполнила првиот услов, земјиштето го купила до 31 март годинава, а до крајот на идната треба да ја изгради фабриката и да вработи најмалку 20 лица.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG