Достапни линкови

Студентски протести во Лондон


Од минатогодишните студентски протести во Лондон.

Од минатогодишните студентски протести во Лондон.

Илјадници британски студенти маршираа во центарот на Лондон на протест против мерките за штедење на владата. Протестите на студентите од минатата година доведоа до судири со полицијата и напади на јавни згради и на седиштето на владејачката Конзервативна партија.

Се очекува, на протестите против образовните политики на власта да присуствуваат околу 10 илјади луѓе од цела Англија. Демонстрантите носат транспаренти против зголемувањето на школарината.

Ова е најголем протест во Лондон по немирите во август, што беа најголемо урбано насилство во земјата во последните неколку децении.
XS
SM
MD
LG