Достапни линкови

logo-print

САД им ја препушти на Ирачаните втората најголема база во земјата


Американски војници го напуштаат Ирак.

Американски војници го напуштаат Ирак.

Американската армија им ја предаде на ирачките власти втората по големина база во Ирак, Балад. Во заедничката армиска и воздухопловна база северно од Багдад беа сместени околу 36 илјади војници и цивилен персонал. Во 2006 година, во базата имало 27.500 полетувања и слетувања месечно, помалку само од лондонскиот аеродром Хитроу.

Според договорот за повлекување, американската армија треба целосно да го напушти Ирак до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG