Достапни линкови

logo-print

Техеран го отфрли извештајот на ОН за иранската нуклеарна програма


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Иран денеска го отфрли извештајот на ОН во кој се вели дека Техеран работи на развивање нуклеарно оружје, нарекувајќи го „неурамнотежен“ и „политички мотивиран“. Во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија, што е тело на ОН, се наведува дека има индиции дека Иран врши тестови битни за развој на нуклеарно оружје.

Претседателот Ахмадинеџад ги отфрли овие наводи и повтори дека иранската нуклеарна програма е мирнодопска. Тој нагласи дека Иран „нема да се повлече ни за јота од нуклеарните истражувања“.

ЕУ изрази загриженост поради наодите во извештајот. Франција, пак, побара состанок на Советот за безбедност на ОН на која треба да се разговара за дополнителни санкции против Иран, но Велика Британија смета дека понатамошни разговори би имале смисла само ако Иран е подготвен сериозно да влезе во преговори. Русија соопшти дека е против воведување построги санкции против Иран.

СБ на ОН веќе донесе четири резолуции со кои се воведуваат санкции кон Иран поради тоа што одби да престане да збогатува ураниум што може да се користи во изработка на атомска бомба.
XS
SM
MD
LG