Достапни линкови

logo-print

Франција е за нови санкции против Иран


Франција денеска повика на одржување седница на Советот за Безбедност на Обединетите Нации за можна акција против Иран, откако Меѓународната Аганција за Атомска Енергија соопшти дека Техеран работи на технологија за науклеарно оружје.

Во соопштението од француското министерство за надворешни работи се вели дека Франција е подготвена на остри санкции против Иран доколку не ги прифати меѓународните барања.

Иран ги отфрли обвинувањата оценувајки ги како политички мотивирани, а претседателот Махмуд Ахмадинеџат, во денешното обраќање на државната телевизија изјави дека Иран нема д аотстапи од својата нуклеарна програма. Во Советот за Безбедност досега се усвоени 4 резолуции со санкции против Иран.
XS
SM
MD
LG