Достапни линкови

logo-print

Грузија ќе го деблокира членството на Русија во СТО


Русија и Грузија денеска се очекува да потпишат договор со кој ќе се отвори патот за прием на Русија во Светската Трговска Организација, по 18 години преговори. Грузија е единствената земја која го блокира рускиот прием во СТО. Москва и Тбилиси го прифатиле швајцарскиот предлог за меѓународна контрола на царинските контроли на границата меѓу Русија и Абхазија и Јужна Осетија. Потпишувањето на договорот е предвидено за денеска во Женева, по што Русија би можела да стане членка на СТО на 15-ти овој месец.
XS
SM
MD
LG