Достапни линкови

logo-print

Грција: продолжуваат маратонските преговори за нова влада


Грчките политичари денеска ќе ги продолжат разговорите за формирање нова коалициска влада. Премиерот Јоргос Папандреу го напушти парламентот во раните утрински часови по маратонските преговори, кои засега не даваат резултат.
Лидерите на грчките партии во понеделникот ги почнаа разговорите за тоа кој ќе ја предводи коалицијата, чија задача ќе биде, по ратификацијата на спогодбата за решавање на должничката криза што ја понуди Европската унија, да ја води земјата до предвремени избори, кои би се одржале во февруари.
XS
SM
MD
LG