Достапни линкови

logo-print

Иран го отфрли извештајот на ИАЕА


Али Асхар Солтаниех

Али Асхар Солтаниех

Иран го отфрли најновиот извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА, нарекувајќи го неурамнотежен и политички мотивиран. Иранскиот амбасадор во агенцијата Али Асхар Солтаниех изјави дека извештајот е донесен под притисок, најмногу од страна на САД.
Во извештајот на ИАЕА се вели дека Техеран спроведува активности чија цел е изработка на нуклеарно оружје. Во текстот се изразува загриженост поради воениот карактер на иранската нуклеарна програма. Се очекува Вашингтон и сојузниците да го искористат извештајот за да побараат уште поостри санкции спрема Иран.
XS
SM
MD
LG