Достапни линкови

Нема согласност во СБ на ОН за барањето на Палестина


Советот за безбедност на ОН не постигнал согласност за барањето на Палестина за прием во полноправно членство во светската организација, се наведува во нацрт-извештајот на Комитетот за прием. Конечната верзија на текстот треба да биде поднесена в петок на седницата на Советот посветена на ова прашање.
За да биде усвоена резолуција за прием на Палестина, потребни се 9 гласови „за“ во 15-членото тело, а притоа ниту една од петте постојани членки да не вложи вето. САД веќе најавија дека, ако биде потребно, ќе го искористат правото на вето.
XS
SM
MD
LG