Достапни линкови

Дефект на руската вселенска мисија до Фобос


Првата руска меѓупланетарна мисија во последните дваесет години се соочи со проблеми. „Фобос-Грунт“ требаше да патува милиони километри до Фобос, сателитот на Марс и да се врати на Земјата во 2014 година со примероци од тлото. Шефот на Роскосмос Владимир Поповкин изјави дека моторот не се активирал по влегувањето во Земјината орбита. Тој истакна дека официјалните лица имаат три дена да го отстранат дефектот пред откажувањето на батериите.
XS
SM
MD
LG