Достапни линкови

Берлускони најави оставка по изгласувањето на реформите


Италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони.

Италијанскиот премиер Силвио Берлускони му кажал на претседателот на државата дека ќе поднесе оставка откако ќе биде одобрен владиниот план за економска стабилизација, за кој се очекува да се гласа наредната недела.

Владата на Берлускони денеска доби на клучното гласање за јавните сметки во парламентот, но не успеа да освои целосно мнозинство од 316 гласови. Гласањето за јавните сметки помина во парламентот со 308 гласови од 630 пратеници.

Одобрувањето на јавните сметки е предуслов за одобрување на каков било иден буџет.

Гласањето се случува во услови на голема загриженост поради огромниот италијански долг.

Претседателот Џорџо Наполитано се сретна со Берлускони, откако италијанскиот премиер го изгуби мнозинството во парламентот. Во соопштението од претседатескиот кабинет се наведува дека италијанскиот премиер ветил дека ќе поднесе оставка веднаш штом парламентот ги изгласа економските реформи.
XS
SM
MD
LG