Достапни линкови

Ал Багдади ќе биде екстрадиран во Либија


Поранешниот либиски премиер од времето на Гадафи, Ал Багдади Али Ал Махмуди.

Поранешниот либиски премиер од времето на Гадафи, Ал Багдади Али Ал Махмуди.

Тунискиот Апелационен суд одлучи дека поранешниот либиски премиер од времето на Гадафи, Ал Багдади Али Ал Махмуди ќе биде екстрадиран во Либија за да му се суди. Неговиот адвокат за новинската агенција Ројтерс изјави дека „одлуката е нефер и политичка“. Тој рече дека ако на неговиот клиент му се случи нешто во Либија, одговорност за тоа ќе има и тунискиот судски систем. Ал Махмуди избега во Тунис за време на востанието против режимот на соборениот диктатор Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG