Достапни линкови

logo-print

Старите занаети во изумирање


Домот на занаетчии во Куманово

Домот на занаетчии во Куманово

Некогаш голем занаетчиски град, Куманово во изминатите децении е меѓу првите на листата во државава во кој старите занаети исчезнале или се минимално застапени.

Развојот на индустријата од пред половина век е една од главните причини за затворање на занаетчиските работилници, а во периодот на транзицијата и оние неколку што останале неповратно заминале во минатото, заедно со нивините остарени и изнемоштени или починати мајстори. Занаетите за младите генерации не се атрактивна професија, оти тие сакаат со помалку вложен труд полесно и побрзо да дојдат до голема зарботувачка.
Нема доволно експерти или кадар за поквалитетно занаетчиското производство.

Регионалната занаетчиска комора за североисточниот регион со седиште во Куманово последните две-три години презема мерки за одржување на занаетчиството:

„Културно издигнување, подигање на свеста, образованието, квалификации, преквалификации, доквалификации на занаетчиите, прогласување мајстори. Меѓутоа нема доволно експерти или кадар за поквалитетно занаетчиското производство“, вели Бајрам Сулејмани, претседател на занаетчиската комора на североисточниот регион.

Во овој регион, како што вели Сулејмани, освен Куманово, како најголема општина, опфатени се и општините Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково.

„Ова е погранично и рурално подрачје. Регистрирани се 334 занаетчии кои се занимаваат со еден од 37 занаети. Занаетчиската комора во Куманово работи на подобрување на условите за работа во занаетчиството, обезбедување пазар, подобрување на квалитетот на занаетчиското производство, но и будење, враќање на старите
занаети, особено на оние кои со себе носат културни и етнички белези.“
Најзастапени се модерните занаети, бербери, фризери, оние што се занимаваат со eлектронска техника. Меѓутоа, во Куманово се помалку има стари занаети.

Сулејмани забележува дека воопшто во Македонија изумира знаетчиството:

„И во Куманово се забележува изумирање на старите занаети. Најзастапени се модерните занаети, бербери, фризери, оние што се занимаваат со eлектронска техника. Меѓутоа, во Куманово се помалку има стари занаети за разлика од другите општини каде што сепак ги има.“

А занаетчиската улица во центарот на градот, која беше препознатлива по називот „Опанчарско сокаче“, освен со две ковачници веќе ниту не наликува на својот некогашен изглед. Нема веќе ниту работилница за трукерај, за дрводелство, за изработка на чанти и многу други занаети. Рачната изработка на опинци пак, ниту многумина повозрасни кумановци не ја паметат. Затоа пак, од излозите од некогашните занаетчиски дуќани сега блеска најразлична стока донесена од другите земји, а приоритетот го има кинеската евтина стока.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG