Достапни линкови

Повторно отворен аеродромот во Триполи


Либиски бунтовник сликан во авионот на убиениот диктатор Моамер Гадафи на аеродромот во Триполи на 28 август 2011 година.

Либиски бунтовник сликан во авионот на убиениот диктатор Моамер Гадафи на аеродромот во Триполи на 28 август 2011 година.

Аеродромот во Триполи денеска беше отворен и за комерцијални летови. Авионот на Туркиш Ерлајнс од Истанбул до Триполи, што пристигна вчеравечер, е првиот комерцијален авион што слета на аеродромот по укинувањето на забраната. Италијанската компанија Алиталиа исто така најави дека ќе ги врати летовите.

Аеродромот беше затворен во март, откако ОН воведоа зона за забранети летови над Либија и ја одобрија интервенцијата на НАТО. Во мај и јуни, аеродромот беше сериозно оштетен од борбите.
XS
SM
MD
LG