Достапни линкови

logo-print

Двајца пилоти осудени на по 8,5 години затвор во Таџикистан


Градот Кургантубе во кој беа осудени пилотите.

Градот Кургантубе во кој беа осудени пилотите.

Судот во Таџикистан осуди двајца пилоти, Русин и Естонец, на по 8,5 години затвор поради нелегален влез во земјата и шверц. Прво беа осудени на по 10,5 години затвор, но казната им е намалена за по две години. Двајцата пилоти ги отфрлаат обвинувањата. Тие работеле на руски хуманитарни проекти во Авганистан и со авионите влегле на таџикистанска територија. Властите од Душанбе им наредиле да се вратат во Кабул, но пилотите побарале принудно слетување за да наполнат гориво. Во авионите бил пронајден еден расклопен авионски мотор, по што биле обвинети за шверц, а авионите им биле запленети.
Руското министерство за надворешни работи соопшти дека казната е престрога и политички мотивирана и предупреди дека може да им наштети на односите меѓу двете земји.
XS
SM
MD
LG