Достапни линкови

Ново задолжување од 130 милиони евра


Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Владата одлучи да се задолжи за нови 130 милиони евра од Дојче банк и Сити банк. Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кредитот е по поволни услови.

Ставрески информира дека Владата го доставила предлогот за задолжување до Собранието и оти очекува да биде прифатен.

Заемот е со рок на отплата од пет години, со камата која во моментов изнесува 4,25 отсто плус 0,5 проценти провизија за Светска банка за гаранцијата на кредитот. Ќе се отплаќа еднократно по завршување на петтата година од денот на повлекување на парите.

Овие 130 милиони евра ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит за годинава и дел за наредната година.
XS
SM
MD
LG